Греач на надворешна единица - Греачот помага во топење на мразот и снегот во зима и спречува блокирање на надворешниот вентилатор, обезбедувајќи оптимални перформанси кога клима уредот работи во режим на греење.
Night Mode ( Ноќен Режим) - Кога овој режим е активиран, клима уредот може да ја зголемува или намалува температурата за 1°C на час во текот на првите три часа. Ова му овозможува на уредот да работи на поенергетски ефикасен и потивок начин за време на ноќта.
Клима уредот на Tesla може да се контролира и преку мобилни телефони или други паметни уреди, овозможувајќи дополнителна удобност и практичност!
3D AIR FLOW ( 3Д Проток на Воздух) - Во зависност од моделот, можете да изберете меѓу различни позиции на распрскување на воздухот, како што се распрскување во стил на ќебе, туш-ефект, лесен ветер и други.
Благодарение на нивните одлични технички карактеристики, одредени модели на Tesla клима уреди функционираат сигурно дури и при температури до –25°C, обезбедувајќи стабилни перформанси во текот на целата година.

